Македонија
4. December 2018 - 14:27

Хорор во гостиварско: Таткото го пронашол четиримесечното бебе паднато покрај кревет, со повреди на глава пренесено на скопските клиники

Татко го нашол четримесечното бебе со повреда на главата во семејниот дом во едно гостиварското село. Случајот во полиција е пријавен од гостиварската болница.

Од СВР Тетово информираат дека Ј.А. (41), вчера пријавил дека кога се вратил од работа околу 20 часот и 30 минути, во домот го нашол, паднато покрај кревет своето четиримесечно бебе со повреда на главата. Мајката С.Ш.(21) спиела на креветот. Повреденото бебе е пренесено во гостиварската општа болница „ Ферид Мурад“ а оттаму заради повредите препратено на скопските клиники.

Се работи на расчистување на случајот.