Хорор во Битола: Ја заклучил и тепал поранешната партнерка, си ги пресекла вените да се спаси а тој продолжил да ја тепа
Основното јавно обвинителство Битола започна постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за противправно лишување од слобода и телесна повреда. Обвинението е поднесено врз основа на член 140 став 5 во врска со став 2 и став 1, како и член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 21 октомври, во околности на семејно насилство, осомничениот ја затворил својата поранешна партнерка и ја држел затворена, при што ѝ нанел и телесни повреди. Според Обвинителството, инцидентот започнал пред куќата на оштетената, каде што таа влегла во неговото возило. Осомничениот прво ја удрил со тупаница во главата, а потоа ја однел до својата викендица во Нижеполе, каде што ја заклучил и продолжил физички да ја напаѓа.
Осомничениот на свиреп начин ја удирал оштетената со шлаканици, тупаници и клоци во текот на еден час, што довело до нејзина силна физичка и психичка траума. Неможејќи да го издржи насилството, оштетената посегнала по нож од кујната и се самоповредила, сечејќи си ги вените на левата рака. Сепак, осомничениот не престанал и продолжил да ја удира, нанесувајќи ѝ дополнителни повреди.
Обвинителството поднесе предлог до судијата на претходна постапка за одредување мерка притвор, но се дознава дека осомничениот е во бегство. Мерката притвор ќе се спроведе од моментот на негово пронаоѓање и приведување.
Ново на Сител
-
Сончево со мала локална облачност
-
Влада: Законот за заштита на децата ќе биде доработен и доставен до Собранието
-
Сиљановска Давкова не го потпиша указот за Законот за заштита на децата за двојазични лиценци во градинките
-
Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија
-
Минатата година беше најжешката досега во Србија
-
Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица
-
Десетици угинати птици во Валона, најверојатно од птичји грип
-
Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица