-->
-->
Хорор сообраќајка во Куманово: Автомобил излетал од пат и удрил во пешак и во кабина на автобуска постојка
-->
Дваесет и двегодишен возач од Куманово, утрово излетал од булеварот „Октомвриска револуција“, удрил во пешак и во кабина од автобуска постојка, информираше денеска СВР Куманово.
-Утрово во 06:15 часот на булeварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, 22-годишниот Ј.Ф. oд Куманово, управувајќи патничко возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во кабина од автобуска постојка, а потоа и во 37-годишниот пешак Р.К. од Куманово.
Во незгодата пешакот и возачот се здобиле со повреди и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, наведуваат од СВР Куамново.
Увид на местото извршила екипа од полицијата во Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк