ХОРОР: Рапер загина додека снимаше спот
Канадскиот рапер Џон Џејмс Мекмари (34) загина додека снимаше музички спот рапувајќи на крилото на авион кој изведуваше акробации.
Мртовечката служба на канадската провинција Британска Колумбија соопшти дека Мекмари смртно страдал за време на работата со тимот кој снимаше акробации на леталото и спуштање со падобран во саботата, пренесе денеска АП.
Неговиот менаџер Рајан Дароше вели дека раперт “интензивно вежбал“ за акробацијата, но дека несреќата се случила кога малата „цесна“ направила спирала во моментот кога тој излекол на крилото на авионот.
Од раперовиот тим велат дека тој тогаш паднал и се фатил за крилото, за кое држел предолго, а падобранот се обидел да го активира кога било предоцна.
Паднал на земја и загинал на лице место, а авионот и пилотот подоцна бебедно слетале.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер