Бизарно но вистинито
28. March 2019 - 11:15

Хорор на породување во Африка: Се откинала главата на бебето, трупот останал во мајката уште 24 часа

Бремена жена од Јужна Африка преживеала вистински хорор кога во текот на породување излегла само главата на бебето, додека остатокот од телото бил зароб ен во неа уште 24 часа.

Кагисо Кгатла (19), која била во шестиот месец од бременоста и го очекувала првото дете, во страв гледала како од неа излегува само главата на бебето.

Преплашената мајка чекала уште 24 часа пред да го „роди“ остатокот од телото. Тинејџерката сега има намера да ја тужи Меморијалната болница Тамбо во Боксбуг, во Јужна Африка, каде доживеала страшно искушение, а за локалните медиуми го опиша хоророт низ кој поминала.

„Докторот му рече да туркам, јас го послушав, но ништо не е случи. После неколку обиди ми рече дека се гледа главата на бебето, а потоа ги побара оние големи форцепски“, раскажа таа.

Во тој момент, како што раскажа, излегла главата на бебето. „Но само главата, а остатокот остана внатре“, рече мајката.

Очајната Касиго сака докторите да и ја кажат вистината и што се случило со нејзиното бебе.

„Ако треба да одат во затвор, нека одговараат поради она што јас го доживеав од нив“, истакна таа.

Тинејџерката откри дека лекарите ја предупредиле дека нејзиното бебе веројатно страда од некој абнормалност, но таа била подготвена да се грижи за неа и покрај предвидените „тешкотии“. Официјални лица од болницата инсистираат на тоа дека ја предупредила мајката дека има мали шанси бебето да преживее.

„Во овој случај, главата излегла само и се обидовме да видиме дали остатокот од телото ќе ја следи, но тоа не се случи“, рекоа од болницата.

Сличен случај се случи во Обединетото Кралство во 2014 година, кога Лаура Галази го загуби бебето во 25. недела од бременоста. Во текот на породувањето главата на бебето останала заробена, а потоа се одвоила од телото.