Балкан
14. May 2017 - 8:41

Хорор кај Солун: Воз удри во куќа, четворица патници загинаа

Најмалку четири луѓе загинаа и пет се повредени откако патнички воз синоќа излета од шини на север во Грција и удри во куќа.

Во вагонот што излетал од шините имало стотина патници кои патувале од Атина кон Солун, јави АНА-МПА.Во несреќата има и повредени.

Други медиуми јавија дека од шини излетале пет вагони во близина на градот Адендро, на околу 30 км од Солун. Полицијата соопшти дека засега не е позната причината за несреќата.