Хорор: Ја заклал сопругата - Сине, морам да те оставам без мајка!
Семејна трагедија го потресе селото Дреновац во близина на Књажевац кога Дејан Цветковиќ (48) со неколку убоди од кујнски нож ја усмрти својата сопруга Ирена (31).
Цветковиќ кој инаку на целото село му е познат како коцкар со прекар Мендоза, ја измасакрирал сопругата по кавга поради пари кои наводно ги прокоцкал. Истиот ден убиецот го напуштил лекувањето во књажевачкиот здравествен центар каде се пријавил на сопствено барање „поради суицидни идеи“.
Кавга
На крвавиот пир му претходела расправија на сопружниците. Откако се поздравил со мајката која живеела во приземјето, се качил на катот кај сопругата, од каде по неколку секунди се слушнала гласна и насилна кавга. Несреќната жена прво го нападнала од врата дека прокоцкал 10.000 евра. Потоа му рекла дека ќе го напушти, по што убиецот се повлекол во собата на нивниот син, кој во моментот бил отсутен и му напишам монструозна проака/
-Ќе мора да те оставам без мајка која толку многу ја сакаш, му напишал Цветковиќ на синот.
Од кујната потоа зел нож и тргнал назад кон собата на сопругата, која почнала да повикува помош. Врисоците и плачот најпрво ги слушнала мајката на убиецот, која веднаш дотрчала до нивниот дел од куќата, но вратата била заклучена.
Го повикувала синот, но откако не и одговорил, ја скршила вратата. Од собата истрчала Ирена врескајќи, а по неа и убиецот кој тука и зарил нож во грбот. Несреќната жена успеала да се одржи на ноже и продолжила да бега, но убиецот ја следел и непрекинато ја напаѓал. Пред капијата во дворот ја фатил за коса, ја турнал на патеката и ја избодел по целото тело.
Љубомора
- Беше ужасно, како во хорор филмовите. Ирена лежеше во локца крв, а тој ја пцуеше и ја колеше, вели сосед на Цветковиќ.
Полицијата и брзата помош кога пристигнале можеле само да констатираат смрт кај несреќната жена, а убиецот ладнокрвно го признал злосторството.
-Ирена работеше кај приватник во Књажевац, а тој, по враќањето од Италија, каде работеше, исклучиво се бавеше со коцкање, велат мештаните.
Иван Радосављевиќ, брат на убиената и лекар во књажевачкиот здравствен центар, раскажа вчера дека зетот пред некој ден му се пожалил дека има суицидни идеи.
-Му реков да оди и да се пријави за лекување. Со оглед на тоа дека беше примен по негово барање, можеше да оди кога ќе посака, а тоа го направи во петокот кога ја уби мојата сестра, вели Радосављевиќ.
Мирјана Радосављевиќ, мајка на убиената Ирена, вчера низ солзи раскажуваше дека ќерка и побегнала во Дреново за да се омажи за Цветковиќ.
-И ветуваше кули и градови, а таа беше младаи неискусна. Се прокоцка, девизи, заштеда, земјоделски кредит на име на соседите, па дури и кредитот која Ирена го зеде за да купат автомобил, вели неутешната мајка на убиената Ирена.
Ново на Сител
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза