-->
-->
Хорор: Ја полил девојката со алкохол и жива ја запалил, но никој не сакал да и помогне
-->
Сара Ди Пјетрантонио (22), студентка од Рим, жива ја запалил поранешниот дечко бидејќи го напуштила, соопштиле од полицијата, додавајќи дека ова е еден од најбруталните убиства.
Виченцо Падијано (27) во неделата вечерта најпрво го запалил автомобилот, а потоа ја бркал девојката.
Инспекторите изјавиле дека момчето и го полило лицето со алкохол, а потоа ја запалил.
-За 25 години не сум видел таков брутално злосторство, - изјавила за новинарите шефицата на истрагата марија Монтолеоне.
Осомничениот прво го негирал убиството, но после осум часа сослушување признал дека ја запалил поранешната девојка. Според неговите зборови, го извршил кривичното дело затоа што не можел да се помири сотоа што девојката го напуштила.
Безбедносните камери го снимиле убиството, а на видеото се гледаат и автомобили кои минуваат покрај несреќната девојка додека таа гори, но никој не реагирал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти