Хорор: Излегла од барот да запали цигара, се разбудила во болница без двете нозе
Американската студентка Менди Хорват (24) пред три години во несреќа ги изгуби двете нозе.
Ја удри воз во Канзас. Се сеќава само дека излегла од пабот за да запали цигара, по што се разбудила во возило на итна помош без нозе.
Менди е уверена дека некој таа кобна ноќ и ставил дрога во пијалокот поради што го загубила сеќавањето и завршила на блиската пруга.
-Таа ноќ не испив многу, две пива и два жестоки пијалоци. Се сеќавам дека излегов од пабот, се чувствував мамурно и потоа на ништо не се сеќавам. Лекарите тогаш не ми направија тест за дрога, а сите веднаш помислија дека сум сакала да се убијам, раскажува Менди,
Иако преживеа пекол, Менди не се предава.
-Поминав месеци во болница, неколку пати ме оперираа, но бев одлучна дека таа трагедија нема да ми го уништи животот. Се фокусирав на опоравувањето и на тоа повторно да проодам, вели девојката/
Во април 2015, година дена по несреќата ги добила првите протези.
-Ги носам секој ден и уште полека учам како да одам со нив, вели Менди која сега живее во Колорадо.
И натаму е многу активна и ништо не може да ја спречи да ужива во животот. Се занимава со бокс и јавање и секој слободен момент го поминвуа надвор, пишува Дејли Мејл.
Ново на Сител
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот
-
30 години Сител Телевизија - Ваш прв избор
-
Масовни протести во Грузија: Стотици уапсени, полицијата обвинува за насилство