Хорор: Дете (13) ја искасапило својата соученичка зошто сакал да стане сериски убиец
Тинејџер од Бразил (13) минатата среда ја убил својата школска другарка и соседка Тамиред Паула де Алмеида (14).
Детето прво нејзината глава ја удирал од ѕидот на скалите од зградата во која и двајцата живееле, а потоа девојчето го избодел со нож.
Телото на девојчето го пронашла соседката која веднаш не ја препознала. Почнала да довикува помош, а права се појавила мајката на убиеното девојче. Кога го видела унаказеното тело на својата ќерка се шокирала и морало да интервенира итната помош.
Убиецот сам се предал и признал дека го убил девојчето зошто му се допаднала „идејата да убива“, додавајќи дека сакал да стане сериски убиец.
Планирал да убие уште две другарки од училиштето, а го интересирало и како останатите од одделението ќе реагираат на нивната смрт.
-Доказ дека злосторството е исклучително брутално, сурово и полно со бес е и тоа што ножот се искривил во телото на жртвата која е избодена десетина пати по рацете, вратот и градите, рече шефот на полицијата.
Тинејџерот убиството му го признал на наставникот на кој му го дал и ножот завиткан во крпа.
-Се тресеше и беше црвен во лицето. Ми рече: „Повикајте Итна, избодев некого во својаа зграда“ - рече наставникот кој со колегата потрчал до блиската зграда/
Детето е уапсено, а наставата во училиштето е откажана до крајот на неделата зошто учениците се во шок.
Ново на Сител
-
Политико: ЕУ има пет години да се подготви за војна
-
Уште една измама со лажна сообраќајка, измамена 82-годишна скопјанка за сума од 4.000 евра
-
До сабота променливо облачно со повремен дожд
-
Топ-10 листа: Расте продажбата на теренци во Европа
-
Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава
-
Лекарска комора: Комисијата за етички прашања го разгледа случајот поврзан со д-р Кузмановски
-
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над 300 дронови и 37 ракети
-
М-НАВ: Судот го забрани најавениот штрајк на контролорите на летање