Земјоделците од Струмичко задоволни од откупните цени на пиперката „ајварка“
Во Струмичко деновиве почна бербата и на отворено на пиперката „ајварка“ од сортата „куртовска капија“. Иако од отворено се берат мали количини, сепак земјоделците се задоволни од откупните цени.
Откупната цена за прва класа пиперка во преработувачките капацитети се откупува од 30 до 35 денари за килограм, а втората од 20 до 25 денари.
Засега освен преработувачите, „ајварката“ ја откупуваат и трговците во гајби по цена од 30 до 40 денари за килограм во зависност од квалитетот.
Според производителите ова е период кога се совпаѓа бербата на „ајварката“ под пластеници и на отворено, а шпицот го очекуваат околу средината на месецот, кога масовно се подготвува ајварот.
– Задоволни сме од откупните цени и се надевам дека такви ќе останат. Иако, бербата од пластениците е доминантна, сепак некои производители почнаа и со берба на отворено. За неколку денови таа ќе се интензивира и очекувам да нема никаков проблем со откупот, рече Бончо Божиков, производител на „ајварка“ од село Дабиле.
Инаку, од година во година производството на оваа пиперка се намалува, а годинава на тоа влијаеја и екстремно високите температури. Штети и намалување на приносите има кај оние производители кои навреме не ги наводнувале посевите, а според досегашните сознанија производството на „ајварката“ е помало од лани за околу 10 отсто.
Ново на Сител
-
Трамп: Премиерот Моди ми рече дека Индија ќе престане да увезува руска нафта
-
Половина метар е најдолгото гласачко ливче, ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња
-
Студија: Во Србија, секој петти млад човек страда од барем едно психичко нарушување
-
Приведен 18-годишник од Скопје, при претрес на неговиот дом најдена е дрога
-
Прекин на испораката на гас за ЈПС - можни отстапувања од возниот ред
-
Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани
-
Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември
-
Средба на Сиљановска-Давкова со Фон дер Лајен