-->
-->
Холандското првенство ќе се решава на маса, кој ќе биде првак Ајакс или АЗ?!
-->
Сезоната во холандската Ередивизие е практички завршена, откако холандскиот премиер Марк Руте објави дека се забрануваат сите јавни настани, дури и без публика, до 1 септември. Со оваа одлука се забрануваат и натпревари без публика, бидејќи во секој случај мора да има присутна полиција.
Холандската кралска фудбалска федерација (КНВБ) уште нема официјално потврдено дека сезоната 2019/20 е завршена, но се очекува наскоро да излезе со такво соопштение. Иронично, одлуката доаѓа неколку часа откако УЕФА инсистираше да се обиде да се стави крај на сите шампионати во Европа, но додаде дека „под одредени услови“ ќе може да дојде и до прекин на сезоните.
„Има силна препорака да се завршат домашните шампионати и куп-натпреварувања, но во одредени случаи е можно да се направи исклучок, кога ќе се направат мерки за одредување на учесниците во европските натпреварувања“, објавија од УЕФА.
За разлика од белгиската Јупилер Про лига, каде што Клуб Бриж беше прогласен за шампион без плеј-офот, во Ередивизие има девет кола до крајот, а Ајакс и АЗ Алкмар се на врвот на табелата со 56 поени од 25 меча, така што не е јасно дали ќе биде одреден шампион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат