Холандските тајни служби предупредуваат за деца-потенцијални џихадисти
Холандската Заедничка служба за разузнавање и безбедност соопшти дека истражува група холандски деца во зоните на вооружени конфликти во Ирак и Сирија, како потенцијални џихадисти, бидејќи постои можност тие да посетуваат воена обука.
Во извештајот на службата се наведува дека во тие реони има најмалку 80 холандски деца, кои се родени таму или се однесени од едниот или двата родитела.
Според документот, околу 20 отсто од тие деца се над деветгодишна возраст.
- Бидејќи децата на териториите кои се под контрола на Исламската држава, понекогаш добиваат оружје и се обучувани да се борат уште на деветгодишна возраст, разузнавањето ги смета за потенцијални џихадисти, пишува во извештајот.
Холандските власти редовно приведуваат луѓе, кои се враќаат од Сирија, доколку тие се осомничени за поврзаност со екстремисти.
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат