-->
-->
Холандската полиција во стан заплени речиси 650 килограми нелегален огномет
-->
Холандската полиција заплени околу 650 килограми нелегален огномет од стан во јужниот дел на земјата по анонимна дојава, соопштија денеска локалните власти.
Полицајците кои го пребаруваа станот во Рузндал постојано наоѓаа сè повеќе кутии, иако жителката постојано велеше дека немало повеќе огномет да се најде, пренесе ДПА.
Полицијата ја повикала и армиската служба за експлозиви, поради опасност од експлозија бидејќи некои од огнометите биле несигурни.
Службениците го уништиле огнометот и поднеле кривична пријава.
Оваа година, холандската полиција заплени рекордни количества нелегален огномет, околу 700 тони до минатата недела, соопшти јавното обвинителство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници