Холандија воведува поригорозни мерки за азилантите
Холандија планира наскоро да воведе нови правила, согласно кои на барателите на азил ќе им се одбие пристап до храна и сместување после само неколку недели, доколку нивното барање за азил биде одбиено, објасни британски „Индепендент“.
„Додека Германија ги отвора вратите за да овозможи поедноставно пристигнување на бегалците, а Франција ја критикува Унгарија поради оградата на границата, холандската Влада оди во сосема друг правец“, наведува весникот.
Од ноември, секој мигрант кој нема да добие бегалски статус, ќе биде депортиран за помалку од еден месец.
Во рамките на новите мерки, холандската Влада планира да зтавори 30 регионални центри кои нудат сместување, бања и храна за азилантите, без оглед на нивниот статус или пријава.
Овие мерки се сметаат како политички обид да се одвлечат гласачите од партијата на Герт Вилдерс, која е позната по антимиграциските ставови.
Само уште две земји во ЕУ имаат слични стриктни мерки - Финска и Велика Британија, пишува „Индепендент“, додавајќи дека Лондон сака да отиде и чекор понатаму, па да ја укине помошта и за азилантите кои имаат семејство.
Минатата година Холандија примила 18.790 молби за азил, наведува Евростат. Од тој број, 6.240 се одбиени.
Холандскиот премиер Марк Руте ги бранеше новите мерки, истакнувајќи дека е „лудо“ да се понуди безгранична помош на оние кои нема да добијат статус на бегалци.
- Зборуваме за група која може да се врати и чии влади сакаат да ги примат назад, но тие тоа не сакаат да го направат, рече Руте.
Ново на Сител
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
-
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-
Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол