-->
-->
Холандија: Руте ги почна преговорите за коалициска влада
-->
Народната партија за слобода и демократија (ВВД) на холандскиот премиер Марк Руте и уште три партии се согласија да почнат преговори за составување на коалициска влада, но предупредија дека меѓу нив има сериозни разлики, што е неопходно да се надминат со цел да се постигне договор.
Претставниците на ВВД, Христијанско-демократскиот повик (ЦДА), Демократи-66 и Зелени леви се состанаа за подготвителни разговори, а нивните лидери изјавија дека се подготвени за формални дискусии.
Руте наведе дека политичките разлики меѓу партиите, што ќе преговараат за коалициска влада, се значителни.
ВВД победи на парламентарните избори минатата седмица, но има потреба од коалициски партнери за да ја состави новата холандска влада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство