Холандија презема мерки за намалување на мигрантите, кои сакаат да стигнат во ЕУ

Холандија, која на почетокот на годината го презеде претседателството со Европската унија, има цел следните месеци значително да го намали бројот на мигрантите, кои стигнуваат во ЕУ, изјави на прес-конференција холандскиот премиер Марк Руте.
Според него бројот на мигрантите сега е огромен и е невозможно во иднина да се дозволи оваа бројка да остане на тоа ниво.
- Неопходни се дополнителни напори за зачувување на внатрешните граници. Треба да го намалиле значително бројот на лицата, кои доаѓаат, праведно да ја споделиме тежината, секоја држава во ЕУ треба да обезбеди соодветни услови за прием. Со сегашната бројка не можеме да продолжиме и понатаму, посочи Руте.
Тој додаде дека е потребно шемите за квотите за сместување на мигрантите да почнат да функционираат.
- Не сум од идеалистите, кога говорам за иднината на Европа. Затоа нашето претседателство е прагматично, изјави холандскиот премиер.
Во однос на прашањето за останувањето на Велика Британија во ЕУ тој изјави дека е оптимист дека ќе биде постигнат договор следниот месец.
- Немаме време за губење. Европа е соочена со можноста од сложени проблеми, потребна е европската соработка. За да биде силна Европа треба да биде обединета. Ветувањата треба да се зачуваат, тоа е главната идеја на нашето претседателство. Миграцијата и меѓународната безбедност се приоритети на нашиот дневен ред. Холандија одлучно го застапува ставот и дека европското законодавство треба да биде растоварено од непотребни текстови, додаде премиерот.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изрази очекување дека холандското претседателство ќе отвори дебата за иднината на еврото, за европската заштита на инвестициите.
- Не верувам дека ќе дојде до замрзнување на правото на глас на Полска во Советот на ЕУ. Да не драматизираме премногу, коментираше Јункер како одговор на новинарско прашање за случајот со Варшава поради спорниот закон за медиуми.
Ново на Сител
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
-

Битолчанец излегол од затвор на отсуство, па повторно бил уапсен пошто поседувал различни видови дрога
-

Малолетничка пријавила дека била допирана по телото од ученик во основно училиште во Скопје
-

Кривична за маж кој 8 месеци силувал дете помало од 15 години
-

Мицкоски: По шест месеци најавување „скандали“ за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, парите се за економија
-

Сведочење на судењето на 13 полицајци за „Пулс“: Не изгледаше дека ќе биде сериозна ситуација
-

Мицкоски до Филипче за рудниците: Ние не ја распродаваме државата, туку го враќаме она што вие го распродадовте
-

Мицкоски: Инвестираме во модернизација на институциите и подобри јавни услуги
