-->
-->
Холандија планира да укине повеќе анти-ковид ограничувања до крајот на месецот
-->
– Холандската влада соопшти дека има намера да укине повеќе од анти-ковид ограничувањата до крајот на месецот. Баровите и рестораните повторно ќе бидат отворени до еден часот по полноќ од 18 февруари наместо да се затворат во 22 часот, како што е сега.
До крајот на месецот ќе се укинат мерките за социјална дистанца на јавни места. Сепак, посетителите ќе треба да приложат потврда за вакцинација против Ковид-19, или документ за прележана болест или негативен резултат од тестот за коронавирус.
Ова ќе им овозможи на театрите и кината и спортските места да продолжат со работа со полн капацитет на гледачи. Ноќните клубови ќе ги отворат вратите само со тестирање на сите посетители. Истото ќе важи и за фестивалите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја