Холандија ќе ја замрзнува социјалната помош за лица кои се приклучуваат кон ИД

Холандската Влада предложи замрзнување на социјалната помош и студентските стипендии за оние граѓани кои се приклучуваат кон радикални групи, како што е Исламска држава (ИД), во обид да се ограничи бројот на младите кои заминуваат во воените зони.
Оваа одлука е последна во низата мерки кои се преземени во Холандија. Владите во цела Европа изразуваат загриженост од ризикот нивните граѓани да се радикализираат во странство, а потоа да се вратат и да извршат напади во своите татковини.
- Секој што ќе ја напушти земјата за да се приклучи кон ИД или да се омажи за џихадист ќе се соочи со прекин на негово државно финансирање, се наведува во соопштението на холандската Влада.
Партиите, граѓанските организации и приватните лица во Холандија имаат еден месец да се изјаснат околу овој владин предлог пред тој да стане закон.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
