Хојте: Има сериозен напредок по однос на Изборниот законик
Постигнат е сериозен напредок по сите точки во дијалогот посветен на Изборниот законик, изјави Питер Ван Хојте олеснувач во разговорите меѓу партиските работни групи, по денешната петчасовна средба во Клубот на пратеници во Скопје.
- Денеска разговаравме за изборниот законик и има сериозен напредок на оваа тема. Се фокусираме на постигнување политички договор, а техничките детали треба да ги разработат техничарите, но за политичкиот договор сме многу блиску до солиден договор за сите проблеми, појасни Ван Хојте.
Според него, најтешко е да се мотивираат луѓето постојано да бидат ангажирани во дискусијата, а во разговорите, вели, постигнат е огромен напредок во однос на заемната доверба меѓу политичките партии.
- Денеска и изминативе два дена имавме мошне добро подготвени дискусии. Побарав од неколкумина своите предлози да ги достават на писмено. Сите ми доставија и тоа е голем чекор напред оти се гледа дека навистина се ангажирани во процесот. Би рекол дека на почетокот не си веруваа меѓу себе и разговорите не беа на потребното ниво, но сега има огромен напредок - градиме доверба меѓу партиите и тие навистина се ангажирани во дискусијата, рече Ван Хојте.
Утре се очекува повторно да се разговара за прашањето за Специјалниот јавен обвинител, кој ќе има надлежност да ги истражи случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Според договорот од Пржино, Специјалниот обвинител треба да биде избран најдоцна до 15 септември, две недели по враќањето на опозицијата во Собранието.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости