Хојт Ји ја повика албанската опозиција да учествува на изборите
Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Брајан Ји ја повика албанската опозиција да го прекине бојкотот и да учествува на парламентарните избори закажани за следниот месец.
Ји беше во посета на Тирана, каде се сретна со албанскиот премиер Еди Рама, со новоизбраниот шеф на државата и актуелен претседател на Парламентот, Илир Мета и со лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, повикувајќи ги да постигнат компромис пред парламентарните избори на 18 јуни.
Опозицијата го бојкотира Парламентот од февруари и одбива да учествува на изборите во јуни. Демократите тврдат дека Владата на социјалистот Еди Рама ќе врши изборни измами.
- Доколку некои партии се исклучат или бидат исклучени од изборите, тоа е на штета не само за земјата и нејзините институции, туку и за нејзиниот имиџ во странство, пред се во Европа, нагласи Ји.
- Бојкотите не функционираат, тоа не е ефиканска тактика и не може да биде стратегија, рече Ји, кој има големо искуство со балканските земји.
Тој на албанската опозиција и ги пренесе зборовите на некогашниот американски претседател Теодор Рузвелт. - Храбри лидери се оние, кои остануваат на арената, а не оние, кои стојат настрана, како набљудувачи или критичари, порача Ји.
Посетата на Ји, која е дел од неговата турнеја низ регионот е последниот напор на меѓународната заедница, откако обидите на ЕУ и американските претставници да го поттикнат дијалогот во Албанија не успеаја.
Баша повтори вчера пред приврзаниците дека нема да има избори без опозицијата.
Ји посочи дека еврокомесарот за проширување Јоханес Хан изјави дека ако не може да биде постигната спогодба, меѓународната заедница ќе ги признае резултатите од изборите на 18 јуни, дури и доколку опозицијата одлучи да не учествува. Ји додаде дека САД имаат ист став.
На прашањето за руското влијание врз Западен Балкан тој рече дека е важно „сите да сме будни“.
- Мошне внимателно следиме што прави Русија и преземаме чекори за да се заштитиме, рече Ји.
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство