Хоџај: Балканот се уште се соочува со закани

Балканот денес се уште се соочува со неколку вида закани и покрај замената на непријателските со мирољубиви односи меѓу државите и општествата, оцени шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај.
Како што јави дописникот на МИА, во обраќање на конференијата на албанските амбасадори, што се одржа во Тирана, Хоџај се осврна на регионалните безбедносни предизвици и на односите на Балканот во последнава деценија, кои, според него, се последица на многу нејаснотии и закани.
- Тие може да се групираат, почнувајќи од непризнавањето на Косово од страна на Србија, спортот со името на Македонија, влошените меѓуетнички односи во Босна, руското влијание на Балканот и радикализацијата на верскиот екстремизам, изјваи Хоџај, набројувајќи ги ризиците со кои се соочува Балканот.
На собирот присусвуваа 49 амбасадори на Албанија низ светот, кои по Конференцијата придружувани од шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, се сретнаа со премиерот Еди Рама и спикерот на Парламентот, Илир Мета, но не и со шефот на државата Бујар Нишани.
Според тиранската телевизија Топ-чанел, иако амбасадорите синоќа стигнале во претседателската резиденција во договорениот термин, Нишани не ги удостоил да ги прими.
По повеќе минутно чекање, шефот на претседателовиот Кабинет, Олси Лафе, им рекол дека „средбата се одлага поради ангажман на претседателот, кој искрснал во последен миг“.
На барањето на телевизијата за објаснување на причините за одлагањето на средбата, претставник на службата за односи со јавноста во Кабинетот на Нишани изјавил дека „нема коментар“.
Ново на Сител
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
