Хоџа: Случајот „Рекет“ потврда дека секој е еднаков пред правдата и законите
Отворениот случај „Рекет“ во кој сега е осомничена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева потврдува дека пред правдата и законите секој е еднаков и одговорен, изјави денеска портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.
Владата, продолжи Хоџа, повикува на темелна и независна истрга, што ќе заврши што е можно побрзо и ќе ги покаже сите детали.
– Резултатите од истрагата мора да бидат базирани исклучително на докази и согласно правото. Одговонрост мора да има за сите инволвирани. Институциите на извршната власт им стојат на распоалагање со цел свој капацитет на истражните и правосудни органи. Ослобдувањето на целиот правосуден систем дава резултати и очигледно е дека независноста се прифати како алатка која ги охрабри институциите и луѓето да дадат резултати кои се очекуваат од правната држава и владеење на правото, изјави Хоџа.
Тој нагласи дека Владата нема да дозволи случајот негативно да биде искористен за попречување на евроатлантските интеграции на земјата.
– Независно од натамошниот развој на случајот во кој сега е осомничена Катица Јанева, Владата на Северна Македонија очекува од сите истражни и правосудни органи, вклучително и од СЈО, натамошна безкомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција, истакна Хоџа.
Посочи дека ова е уште еден мотив заедно со опозицијата да се заокружи реформата на правосудниот систем и да се обезбеди владеење на правото.
Прашан дали постои загриженост кај Владата за искористување на случајот против евроатлантските процеси на земјата, Хоџа рече дека ставот на Владата е дека овој случај не треба да биде пречка на нашите аспирации за членство во ЕУ и НАТО.
– Продолжуваме со спроведување на реформите се со цел да бидеме членка на НАТО и да ги започнеме преговорите со ЕУ, истакна Хоџа.
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција
-
Тошковски: Барањето за моја интерпелација е обид за манипулација
-
Инфраструктурното поврзување на туристичките локалитети руралните средини приоритет за развој на Југоисточниот регион
-
Преглед на вестите од свет
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”