Хит во регионот: Македонец тегне кори за бурек со еурокрем и плазма
Заборавете на традиционалниот бурек со месо, сирење или пица-бурек. Во Белград во моментов хит е бурек со еурокрем и плазма.
Тој оди како алва и во некои бурекчилници дневно продаваат и по 15 тепсии. Четвртина од овој вид бурек чини 60 динари, односно околу половина евро.
Газдарицата Мара (27) за новинарите на „Блиц“ раскажува дека сакала да внесе промени во својата пекара. Така и стигнала до идеата за слаткиот бурек, кој вели про го купувале само љубопитните тинејџери, но сега е баран од сите генерации.
Продавачите велат дека купувачите најпрво се збунети од тоа што го гледаат, но се решаваат да купат и да пробаат поради различноста на вкусовите и мешавината од благо и солено.
Специјалитетот го подготвува бурек-мајстор од Македонија, кој работи целосно рачно – од месење, до развлекување на корите. Бурекот се прави без никакви адитиви.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите