Хирургот кој пукаше во главата на актерката па се самоуби, го спасил животот на Тамара Ѓуриќ: Старлетата преживеала благодарение на Срѓан
Хирургот Срѓан Цветановиќ, кој се обидел да ја убие својата вереничка, актерката Ивана Панзаловиќ па изврши самоубиство, бил во тимот на лекари кој се грижел за старлетата Тамара Ѓуриќ додека заздравувала на ВМА, по операцијата поради комплицкации со силиконите.
Цветановиќ не ја оперирал Тамара, но се грижел за нејзиното заздравување.
Тамара била во многу лоша состојба кога е примена на ВМА, а токму Цветановиќ бил еден од лекарите кој и го спасил животот кога имала сепса.
Ова го поврдила и самата Тамара Ѓуриќ.
- Мојот случај го водеше доктор Степиќ. Цветановиќ доаѓаше кај мене. Можам да ви кажам дека беше професионален, како и сите од ВМА - вели старлетата.
Погребот на Цветановиќ ќе биде одржан денес а според пишувањето на медиумите последното испраќање го организирала неговата поранешна сопруга.
- Не ме допираат бројните злонамерни озборувања дали љубовта на Срѓан и мојата била вистинска или од интерес. Го сакам со целото срце, и ми е жал што веќе го нема - рекла таа.
Таа од болницата порачала дека за деталите и причините поради кои нејзиниот вереник Срѓан Цветановиќ ја ранил ќе разговара наскоро со инспекторите.
- Нека луѓето зборуваат што сакаат, тоа не ме интересира. Можам само да кажам дека го сакав Срѓан и дека не ме итнересира што зборуваат. Него го нема и нека почива во мир. Се останатото што го имам да го кажам ќе го кажам на полицијата, со која треба наскоро да разговарам - кратко рекла Ивана.
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред