Хиротонисување на епископот полјански Јаков, новиот владика на МПЦ-ОА
Во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и свети Леонтиј“, Водоча, архиепископот г.г. Стефан заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА утрово ќе отслужи Божествена литургија на која ќе биде извршена хиротонијата на новоизбраниот епископ полјански Јаков. Одлуката на Синодот е донесена на 29 септември оваа година.
Синоќа во манастирската црква „Свети Петнаесет тивериополски свештеномаченици“ во Струмица се одржа наречение на новоизбраниот епископ. Радосната вест пред верниците ја соопшти Светиот археирејски синод на чело со архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, со што одлуката беше потврдена пред црквата и народот.
Со одржување на наречението и воведувањето на новиот владика за нов член на Светиот синод и заедничко причестување со вино и леб, новиот владика седна на заедничка маса со другите браќа.
Епископот полјански Јаков е досегашен старешина во манастирот „Свети Антониј и свети великомаченик Георгиј“ во струмичко Ново Село, и тој е новиот, тринаесетти владика во Синодот.
Тој сега ја носи титулата епископ полјански и во иднина ќе биде викарен епископ на митрополитот струмички господин Наум.
Ново на Сител
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија