Хилари Клинтон: Се надевам дека Трамп ќе биде успешен претседател
Демократскиот кандидат за американски преседател Хилари Клинтон денеска изрази надеж дека нејзиниот противкандидат во изборната трка, републиканецот Доналд Трамп ќе биде „успешен претседател на сите Американци“.
Во својата прва изјава по изборниот пораз, Клинтон изјави дека резултатите од изборите биле болни за неа и дека е разочарана, но му посака успех на Трамп и нагласи дека му поинудила соработка.
- Синоќа му честитав на Трамп и му понудив соработка за доброто на нашата земја, изјави Клинтон во обраќањето во хотел во Њујорк,
Клинтон оцени дека вчерашните избори покажале оти „земјата е многу подлабоко поделена отколку што се мислело“, но сепак ги повика своите привразници да ги прифатат изборните резултатити.
- Треба да ја градиме Америка испонета со надеж, со инклузивност и со големо срце. Мора да се почитува и брани владеењето на правото, рамноправноиста и слободата на веросповед. На Трамп му нудиме отворен ум и шанса да ја поведе земјата, потенцира Клинтон.
Инаку, во меѓу време беше соопштено дека Клинтон победила во сојузната држава Минесота, со што освои уште 10 гласа во Изборниот колеџ.
Сепак овие резултати неможат да влијаат на изборот на Трамп за претседател, бидејќи тој веќе освои 276 електори или шест повеќе од непоходните 270 за победа.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија и треба обвинителство кое ќе се справи со криминалот и корупцијата
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот