Херцог: Трамп заслужува Нобелова награда за мир

Израелскиот претседател Исак Херцог ја пофали улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во посредувањето за договорот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас за ставање крај на војната во Газа, изјавувајќи дека Трамп заслужува Нобелова награда за мир за своите напори.
-Нема сомнеж дека тој ја заслужува Нобеловата награда за мир за ова, напиша Херцог на X.
-Овој договор ќе донесе моменти на неописливо олеснување за драгите семејства кои не спијат веќе 733 дена. Овој договор нуди шанса за обнова, за закрепнување и за отворање на нов хоризонт на надеж за нашиот регион. Ова е време да им оддадеме чест на хероите меѓу нас – на нашите синови и ќерки што храбро се бореа за да ги вратат заложниците дома; на ужалените семејства; на повредените – телесно и духовно; и на сите што платија неподнослива цена за овој историски и судбински момент, нагласи Херцог.
Трамп претходно соопшти дека Израел и милитантната палестинска организација Хамас се договориле за првата фаза од мировниот план за Газа.
-Ова значи дека сите заложници ќе бидат ослободени многу скоро, а Израел ќе ги повлече своите трупи до договорената линија како прв чекор кон силен, траен и вечен мир, напиша Трамп на својата платформа Трут Сошл.
МИА
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
