Херцог шокиран од насилните судири во Амстердам

Израелскиот претседател Исак Херцог ги осуди „шокантните слики и видеа“ што се појавија откако израелските фудбалски навивачи се судрија со пропалестинските демонстранти по фудбалскиот натпревар во Амстердам вчеравечер.дем
-Со ужас ги гледаме шокантните слики и видеа кои од 7 октомври се надевавме дека никогаш повеќе нема да ги видиме: антисемитски погром кој моментално се случува против навивачите на Макаби Тел Авив и израелските граѓани во срцето на Амстердам, Холандија, напиша денеска Херцог на „Х“.
Херцог ја пофали „соработката што сега се одвива меѓу владите“, додавајќи дека верува „дека властите во Холандија ќе дејствуваат веднаш и ќе ги преземат сите неопходни мерки за да ги заштитат, лоцираат и спасат сите Израелци и Евреи кои се нападнати и да ги искорени насилство врз еврејските и израелските граѓани со сите потребни средства“.
Амбасадорот на Израел во Германија, Рон Просор, напиша на X: „Ужасен погром против Евреите и Израелците во Амстердам. Во голем број, на европско тло, луѓето се насилно напаѓани од муслимански и палестински бунтовници, едноставно затоа што се Евреи“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
