-->
-->
Хенкок: Одложувањето не мора да го уназади развојот на вакцината
-->

Британскиот министер за здравство Мет Ханкок денеска изјави дека одлуката на АстраЗанека привремено да го прекине тестирањето на вакцината против Ковид-19 е предизвик, но оти не значи дека мора да ги уназади напорите за развој на вакцината.
– Очигледно тоа е предизвик за ова тестирање на вакцината. Всушност, не е првпат ова да се случува со вакцината на Оксфорд, изјави Ханкок за Скај Њуз.
Тој прецизираше дека доцнењето нема да го уназади процесот за развој на вакцината, а сето тоа зависи од тоа што ќе се открие за време на истрагата.
Компанијата АстраЗанека, која работи на развој на вакцината со Универзитетот Оксфорд, соопшти дека привремено го прекинува тестирањето на вакцината, откако состојбата на еден од учесниците необјасниво се влошила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
