Хелсиншки комитет ќе ги набљудува условите во сите казнено-поправни установи
Хелсиншкиот комитет за човекови права започна со подготовки за систематизирано набљудување на условите во сите казнено-поправни установи во државата, со посебен фокус на почитувањето на човековите права и човековото достоинство на лицата кои издржуваат казна затвор, а извештаите ќе ги испрати извештаите од мониторингот до сите релевантни државни институции, со препораки за подобрување на состојбата во установите.
За таа цел, како што информираат од Хелсиншкиот комитет, од 7 до 9 февруари во Скопје се одржа тридневен тренинг за подготовка на методологија за спроведување мониторинг посети во казнено-поправните установи.
Обучувачи беа експерти од партнерската организација Косовски центар за рехабилитација на жртви од тортура. Тренингот се спроведе во рамките на проектот „Живот зад решетки“, поддржан од страна на Амбасадата на САД.
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење