Хелсиншки ќе го промовира Годишниот извештај за правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил
Промоција на Годишниот извештај за 2017 година за утврдените состојби и почитувањето на правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил кои транзитираа низ Република Македонија се одржи денеска Хелсиншкиот комитет за човекови права.
На настанот ќе бидат презентирани главните заклучоци и препораки кои произлегуваат од забележаните состојби во текот на изминатата година.
Ќе биде отворена дискусија за споделување на впечатоците и наодите од страна на сите засегнати чинители во бегалската криза.
Воведно обраќање на презентацијата ќе има извршната директорка на Хелсиншки, Уранија Пировска, а презентацијата на заклучоци и препораки од Годишниот извештај ќе ги изнесе проектната координаторка Елена Брмбеска. На настанот обраќање ќе има и професор Трпе Стојановски, истражувач за целите на проектот.
Годишниот извештај е подготвен во рамките на проектот „Помош на рутата- обезбедување заштита на човековите права на мигрантите кои поминуваат низ Македонија и Србија“, поддржан од Европската унија, а имплементиран во соработка со Фондацијата Ана и Владе Дивац - Србија, Новосадски Хуманитарен Центар и Арбајтер-Самаритер-Бунд Дојчланд (АСБ).
Ново на Сител
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Сетек со роденденска понуда - Попусти до 60%
-
Преглед на вестите од светот
-
Потерници за Груби и Бајрами на сајтот на МВР
-
Политички реакции – Кој е виновен за бегството на Груби?
-
Предметите за висока корупција се чуваат долго, а најчесто завршуваат и на повторно судење