Македонија
17. April 2018 - 8:36

Хелсиншки ќе го промовира Годишниот извештај за правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил

Промоција на Годишниот извештај за 2017 година за утврдените состојби и почитувањето на правата на бегалците, мигрантите и барателите на азил кои транзитираа низ Република Македонија се одржи денеска Хелсиншкиот комитет за човекови права.

На настанот ќе бидат презентирани главните заклучоци и препораки кои произлегуваат од забележаните состојби во текот на изминатата година.

Ќе биде отворена дискусија за споделување на впечатоците и наодите од страна на сите засегнати чинители во бегалската криза.

Воведно обраќање на презентацијата ќе има извршната директорка на Хелсиншки, Уранија Пировска, а презентацијата на заклучоци и препораки од Годишниот извештај ќе ги изнесе проектната координаторка Елена Брмбеска. На настанот обраќање ќе има и професор Трпе Стојановски, истражувач за целите на проектот.

Годишниот извештај е подготвен во рамките на проектот „Помош на рутата- обезбедување заштита на човековите права на мигрантите кои поминуваат низ Македонија и Србија“, поддржан од Европската унија, а имплементиран во соработка со Фондацијата Ана и Владе Дивац - Србија, Новосадски Хуманитарен Центар и Арбајтер-Самаритер-Бунд Дојчланд (АСБ).