Македонија
30. July 2023 - 9:29

Хеликоптерската единица при МВР со "Бел 412" успеа да го локализира и пожарот во Неготино

Денеска (29.07.2023), Хеликоптерската единица за посебни намени при Министерството за внатрешни работи со хеликоптер Бел 412 го локализираше пожарот во „Гоцева шума“ каде што во попладневните часови настанал пожар на борова шума, при што била опожарена површина од околу 15-20 ха. 

Територијалната противпожарна единица интервенираше во гаснење на пожарот, а за локализирање на пожарот во Одделот за воздухопловни единици на МВР интервенираше со еден од хеликоптерите, кој со  инвестиции на раководството на МВР, направени во последните неколку години беше опремен  за гаснење на пожари, при што се исфрлени над 20 тони вода, по што големиот пожар во моментов е ставен под контрола, а патролите на подрачјето ќе продолжат и во текот на ноќта.