Хеликоптер се урна на облакодер во Њујорк

Хеликоптер се урна врз облакодер на Седмата авенија на Менхетен, објавија на социјалните мрежи протоивпожарната служба на Њујорк.
По несреќата, којашто се случила по дождливо време, започната е масовна акција на сите спасувачки службни, пренесуваат американските медиуми.
Жителите се повикани да ја ибегнуваат областа меѓу 51-та улица и Седмата авенија, поради доаѓањето на полициските, противпожарните и возилата на итната медицинска помош.
Засега точно не се познати причините за несреќата.
„Службениците на противпожарната служба на Њујорк се наоѓаат на Седмата авенија, бр. 787. Тешко приземјување хеликоптер“, објави службата на Twitter.
Телевизиската мрежа NBC News повикувајќи се на извори во полицијата пренесува дека хеликоптерот се урнал на покрив на деловна зграда од 54 ката.
Според податоците на телевиијата CNBC, на покривот од облакодерот на кој паднал хеликоптерот кој при падот се запалил, се одвива евакуација. Телевизијата CNN, пак, јаува дека во тешкото приземјување на леталото во услови на лошо време загинало едно лице.
Ново на Сител
-

Централен одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
-

Централен одбор на СДСМ
-

Мери Дика предлог за уставен судија
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
-

Под слоганот “Важна е културата” Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
-

Државата е подготвена за итни мерки ако цените почнат да растат
-

Поскапувањето на храната е неминовно, се очекува повисока инфлација
