Хелен Мирен: Бебињата и кучињата ме инспирираат да глумам
Бебињата и кучињата се прекрасни и едноставно не можете да одвоите поглед од нив. Тие ме инспирираат да глумам, изјави актерката Хелен Мирен за време на свечениот ручек на Менхетен по повод нејзиното појавување на насловната страница на списанието на Американското пензионерско здружение, невладина организација која се бори за подобрување на квалитетот на живот на повозрасните луѓе.
Мирен, која во 2007 година ја доби наградата Оскар за филмот „Кралица“, исто така, истакна дека својата долговечност во Холивуд им ја должи на работата во театар и на фактот дека никогаш не тежнеела да биде филмска ѕвезда.
Таа додава дека секогаш се трудела да „оди понатаму“ без да погледне назад „кон она што била некогаш“, што, според неа, е проблем кој го имаат многу глумци на нејзина возраст.
Мирен нагласи и дека себе си не се смета за „секс симбол“, нагласувајќи дека тоа е „како товар кој ви стои на грбот, а не можете да се ослободите од него“.
Ново на Сител
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Гаши ги распиша изборите, првиот круг локални на 19 октомври
-
Истрага за полицаецот кој без налог сакаше да ја приведе директорката од Демир Хисар
-
Министерот за здравство и ги одзеде ингеренциите на Стоматолошката комора поради сериозни пропусти
-
СДСМ пак предлага минималец од 500 евра, ВМРО-ДПМНЕ чека договор меѓу синдикатите и работодавачите