Хекуран Дука нов вршител на должноста градоначалник на Дебар
По куса, но жолчна распарава на спротвставени мислења, со осумте гласови на советниците на ДУИ, СДСМ и ПЕИ, без присуство на советниците од Беса, Алијансата за Албанците и ВМРО ДПМНЕ денеска Советот на општина Дебар за вршител на должноста градоначалник го избра Хекуран Дука, советник на ДУИ.
Педесет и пет годишниот Дука е роден во Дебар 1963 година, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде завршил специјализација по урологија. Вработен е во Општата болница во Дебар од 1994 годна.
Точката за разрешување на актелниот в.д.градоналанк Еуген Цами беше ставеа на дневен ред по барање на советниците на ДУИ, СДСМ и ПЕИ. Во образложението наведоа дека Цами доследно не ја извршува функцијата, работи за лични партиски интереси, посочија соопштенија на неговата партија Алијанса за Албанците објавени на соцјалните мрежи некои портали, а го обвинија и за цирклирање важни документи од неговиот кабинет низ градот.
На тоа реагираа советниците од другите партии Алијасата, Беса и ВМРО ДПМНЕ барајќи извештај со конкретни податоци засновани на факти, а не на „рекла казала“. Откако не го добија посакуваниот одговор, тие ја напуштија седницата додавајќи дека не сакаат да бидат дел од „циркусот во кој е претворен Советот“. Најавија дека нема да учествуваат и на други седници на Советот. Според нив ова е политичка игра.
И за в.д. градоначалникот Цами ова е политичка игра, бидејќи, како што рече, во изминатиот едномесечен период тој најсовесно ја вршел функцјата, дека бил градоначалнк на сите граѓани без оглед на нацонална, верска или партиска прпадност и строго постапувал по неговите надлежности.
-Дојдете и контролирајте што незаконски сум направил, а потоа побарајте мое разрешување. Ова е политичка игра и ништо друго, додаде Цами.
Претседателот на Советот Башким Машкули од ДУИ, го поздрави изброт на Дука оценувајќи дека градоначалничкото место сега припаѓа на партијата која добила најголем број гласови на изборите.
-Се заблагодарувам на изборот и ветувам дека ќе бидат градоначалник за сите, онака како што не правам разлика и при лекувањето на пациентите. Сета моја способност и искуство ќе го насочам во интерес на граѓаните,порача новиот в.д. градоначалник Дука.
По смртта на градоначалникот Ружди Љата, за в.д. градоначалник Цами беше избран на седницата на 10 декември со гласовите на Алијансата за Албанците, Беса,ВМРО-ДПМНЕ и ПЕИ на што силно се спротивставија другите советници.
Инаку, според доставениот дневен ред на седницата еднствена точка беше Акцискиот план на општната во областа на вработувањето, домувањето, образованието и здравтсвото за период 2019/2020 за Ромите од оваа општна, кој беше усвоен без дискусија.
Ново на Сител
-
Трите лица во Црвени Брегови пронајдени во импровизиран верски објект починале од труење со јаглерод моноксид
-
Петиција за затворање на Инстаграм-профилот на Јелена Карлеуша собра над 270.000 потписи
-
Првпат во државата извршена интервенција на пациент со скршен лакт, постигната стабилизација на зглоб и враќање на функцијата на целосни движења
-
Обвинителство: Вања е грабната во 7.29, Цитроенот запален во 9.30, а реното Кангу се враќа во седиштето на Десна
-
Коцевски за случајот со Фросина Кулакова: Против осомничениот се води постапка за најтешко кривично дело од областа на безбедноста на сообраќајот
-
Запален автомобил на јавен обвинител од Скопје
-
Мечка следела и гонела 15-годишно дете во Македонски Брод
-
Судијката Алексовска Стојановска разрешена од работна група во Министерството за правда