Хејли: Русија води војна мешајќи се во изборите на другите земји
Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, ја обвини Русија дека се меша во изборите на другите земји за да ја поткопа нивната демократија и оцени дека Русија на тој начин води војна. Затоа, додаде таа, Русија мора да одговара.
- Кога една земја може да дојде и да се меша во изборите на друга земја, тоа е војна, навистина е. Не го видовме тоа само тука, го гледаме во Франција, како и во другите земји. Тие тоа го прават насекаде. Тоа е оружјето што го избраа, рече Хејли на панелот во Њујорк организиран од Институтот Џорџ В. Буш.
Хејли го повика приватниот сектор да им помогне на американските официјални претставници да и се спротивстават на Русија.
- Русите, Бог да ги благослови, прашуваат „зошто Американците се антируски настроени? И зошто им воведовме санкции?“ Па, не ни се мешајте во изборите и нема да сме анти-руски настроени, рече Хејли,
Во исто време кога американската амбасадорка во ОН, ги критикуваше Русите за мешање во изборите во САД, директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Мајк Помпео изјави дека руската интервенција во американските претседателските избори во 2016 година не влијаела врз резултатот од гласањето.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, пред три дена побара прекинување на истрагите за врските на луѓе од неговиот изборен штаб со Русија, што одвоено ги водат специјалниот истражувач Роберт Малер и комисии во двата дома на Конгресот.
– Целата работа со Русија е изговор за поразот на демократите на изборите. Апсолутно немаше дослух со Русија. Тоа треба да се заврши, оти на луѓето им се смачи од тоа, изјави Трамп.
Ново на Сител
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени
-
18-годишник тешко повреден по тепачка во Чаир
-
Филков: Интерпелацијата за Коцевски е силен показател за тоа во кој правец би требало да се движат работите
-
Традиционалниот собор во манастирот „Свети Пантелејмон“ го собра народот во молитва и заедништво
-
Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби