Свет
12. March 2018 - 23:55

Хејли: Ако не дејствува ОН, тогаш САД ќе дејствува во Сирија

 

Амбасадорката на САД во Обединетите нации Ники Хејли предупреди денеска дека доколку Советот за безбедност на ОН не успее да дејствува во Сирија, Вашингтон ќе биде подготвен доколку мора да изврши напади врз сириска база.

- Тоа не е патот што го преферираме, но тоа е пат за кој покажавме дека по него ќе тргнеме и подготвени сме да тргнеме повторно, нагласи Хејли во Советот за безбедност на ОН.

Предупредувањето на Хејли дојде откако САД побараа од Советот за безбедност да инсистира на итен 30-дневен прекин на огнот во Дамаск и Источна Гута во Сирија.