Хегсет: Американската војска треба да добие Нобелова награда за мир

Секретарот за одбрана на САД Пит Хегсет изјави дека американската армија заслужува да добива Нобелова награда за мир секоја година.
-Единствената институција што треба да ја добива Нобеловата награда за мир секоја година е американската војска, бидејќи ние сме гарант за безбедноста и заштитата не само на нашата земја, туку и на многу луѓе во овој свет, рече Хегсет на прес-конференција во Пентагон.
Со тоа, Хегсет дополнително го нагласи настојувањето на администрацијата на Доналд Трамп дека американската воена интервенција во Иран да се претстави како средство за постигнување стабилност и мир, и покрај критиките и растечкиот притисок поради последиците од војната.
Зборувајќи за напредокот на операцијата „Епски бес“ во Иран. Хегсет ја пофали воената моќ на САД, за која тврди дека постигнала „одлучувачки воени резултати“ во Иран.
Осврнувајќи се на американското разбирање на војната и мирот, тој посочи дека целта на правилно водената војна е да се постигне мир.
-Кога водите војна на вистински начин, идејата е дека од другата страна постигнувате мир. Тоа е она што најмногу би сакале да го видиме, рече Хегсет.
МИА
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
