Хегер: Словачката економија во опасност од колапс

Силниот раст на трошоците за струја ја доведе словачката економија во опасност од колапс, изјави премиерот Едуард Хегер за Фајненшл тајмс.
Тој додаде дека Словачка, доколку не добие помош, ќе ја задржи струјата за домашните компании и граѓаните. Скокот на цените на енергијата по руската инвазија на Украина „ќе ја убие“ економијата, доколку Словачка не добие милијарди евра помош од Брисел, посочи тој. Словачка проиzведува многу струја, најголем дел во нуклеарните и хидроелектраните, но, нејзиниот најголем производител го продаде вишокот на трговците на почетокот од годината.
Тие сега струјата во термински договори ја препродаваат на Словачка по пазарни цени, поголеми и до петпати, пишува Фајненшл тајмс. Словаците го купуваат за 500 тоа што го продадоа за 100 евра, истакна тој. Затоа планот на Европската комисија, за оданочување на дополнителниот профит на производителите на струја, според него, нема да функционира во Словачка. Доколку сакаме данок на дополнителен профит, мораме да го воведеме на европско ниво, подвлече премиерот.
Како што проценува, приходот од европскиот данок треба да биде рамномерно распореден меѓу сите членки на Европската Унија, што на Словачка би ѝ донело околу 1,5 милијарди евра. Тој смета и дека Брисел треба да ослободи пет милијарди евра неискористени средства од фондовите за регионален развој за намалување на енергетските сметки во компаниите.
Во спротивно, словачките компании ќе се затворат и всушност целата економија може да пропадне, нагласи Хегер. Доколку Брисел не дојде на помош, „тогаш ќе мораме да ја задржиме струјата за нашите компании и домаќинства за да не пропаднат. Тоа не го сакаме, но, доколку нема друга помош, ќе бидеме турнати кон тоа решение“, тврди премиерот.
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
