ХДЗ и МОСТ денеска ги продолжуваат преговорите
Два месеци по изборите, лидерите на „Татковинската коалиција“ на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и на независната листа Мост, денеска продолжуваат со преговорите за составот на новата Влада, но точното време на преговорите не е познато, јавува Хина.
Претседателот на ХДЗ Томислав Карамарко најави дека на Мост ќе им ја презентира нивната шема за новата влада и ќе предложи план за реорганизирање на јавната управа.
Карамарко исто така предупреди и за потребата од драстично намалување на бројот на државни агенции, заводи и јавни установи, кои во моментов се повеќе од 200.
- Одлуката за министрите ќе ја донесе мандатарот Тихомир Орешковиќ, додаде Карамарко.
Претседателот на ХДЗ на својот Фејсбук профил порача дека имаат планови кои можат да поттикнат отворање голем број работни места и да бидат иницијална каписла за економското опоравување на земјата.
- Ќе почнеме да ги спроведуваме така што ќе ни осигурат и рамномерен развиток на Хрватска, наведе Карамарко. Загреб, Сплит, Осиек и Риека треба да бидат центри кои својата економска моќ ќе ја шират околу себе и поради тоа, вели Карамако, тие проекти имаат големо политичко значење.
- На младите луѓе мора во Хрватска да им обезбедиме работа, а на иселениците можност за враќање и квалитетно вложување, нагласи претседателот на ХДЗ.
Ново на Сител
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците
-
Тема на денот со Борис Ѓорѓиевски, Дојче Веле
-
Почнува пријавување за бесплатната вакцинација против грип за ризичните групи
-
Апсење за нехуман третман на стари лица
-
4% инфлација во септември