Џет-Сет
12. January 2018 - 13:35

Хари Мата Хари го разбесни Балканот - по изјавите за Тома Здравковиќ

Популарниот пејач Хари Мата Хари наводно го оспорува музичкиот квалитет на покојниот Тома  Здравковиќ и со тоа го шокираше регионот. Меѓутоа, тој одлучи да открие што стои позади тие изјави. 
 
Имено, поедини медиуми објавиле наводни изјави на Хари Мата Хари и предизвикале бурни реакции во јавноста. 
 
- Тома Здравковиќ не пееше добро, но имаше најдобри песни на сите времиња. Важно е што и како. Најважно е да се најде идентитет. Да се остави печат, наводно ова го рекол Хари. 
 
Меѓутоа, пејачот, како што вели е шокиран поради лажните изјави, тој вели дека неговото мислње за покојниот пејач е сосема поинакво. 
 
- Навистина луѓето си даваат за право да пишат тоа што ќе им падне на памет, никогаш не сум дал изјава за легендарниот Тома Здравковиќ а најмалку дека сум изјавил дека не бил квалитетен пејач. Сите растевме, сакавме, раскинувавме, тагувавме со неговите песни, беше добар пејач, одличен вокал, на многумина им остави аманет  што и ден денеска учат од него и ако на жалост не е со нас.Овој пат сакам да ставам точка на сите натписи во врска со спорниот текст бидејќи јас сум почитувач на ликот и делото на Тома Здравковиќ, рекол Хари.