Loading Video...
Кошарка
27. July 2020 - 10:50

Харден во „елемент“ Хјустон го доби Менфис

Љубителите на кошарката со нетрпение одбројуваат уште четири дена до рестартот на сезоната во најсилната светска лига, НБА. 
 
Како дел од подготовките за продолжување на сезоната во НБА лигата, тимовите кои останаа во игра за шампионскиот трофеј, одигруваат контролни натпревари. 
 
Џејмс Харден потврди дека е во одлична. Популарниот „брада“ со 31 поен, 9 асистенции и 8 скокови, го предводеше Хјустон до победата над Мемфис со 119-104 
 
 
 
Актуелниот шампион Торонто славеше победа над Портланд со 110-104 меч во кој Ибака и Сиакам постигнаа 19 односно 18 поени, а имаа и по шест скокови за победничката екипа. 
 
 
Иако Лука Дончиќ одигра брилијантен натпревар сепак Далас загуби од Индијана со 118-111. На Словенецот му недостасуваше една асистенција да оствари „трпл-дабл“, па натпреварот го заврши со 20 поени, 11 скокови и 9 асистенции.