Харадинај на есен очекува визна либерализација за Косово

Утрешниот Ден на Европа - 9 мај, ќе биде последен кои граѓаните на Косово ќе го одбележат без визна либерализација, изјави денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
- Некаде на есен ќе патуваме слободно. Нема никаква дилема дека ова ќе биде последен 9 мај без слободно движење. Очекуваме Европската заедница во период од четири недели да соопшти дека Косово ги исполнило сите свои обврски за визна либерализација, изјави Харадинај по денешната седница на косовската Влада.
Тој посочи дека Косово нема веднаш да добие визна либерализација, затоа што треба да одговори и на барањата на другите држави, потврдувајќи им дека ги исполнило условите.
Запрашан за безбедноста на полициските службеници по трагедијата со двајцата полицајци, кои ги загубија животите во водите на реката Лепенец поради, како што тврдат медиумите, неисправно службемо возило, Харадинај истакна дека „наследил многу тешки теми од претходните влади“.
- Работите кои не се решиле 20 години јас ги најдов на работната маса/ Ќе се соочиме со нив, но за тоа треба време, нагласи Харадинај.
Косовската Влада одлучи на семејствата на двајцата полицајци, Арменд Трена и Малсор Даши, кои загинаа во несреќата во водите на Лепенец, да им додели по 10.000 евра.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
