-->
-->
Харадинај: Косово треба да го прости, но не и да го заборави минатото
-->
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека единствениот договор со Србија, кој ќе донесе мир меѓу народот во Косово, ќе биде взаемното признавање.
Харадинај во интервју за „Гласот на Америка“ истакнува дека тоа би значело дека Косово ќе го прости, но нема да го заборави минатото.
По повод новата стратегија на Европската унија за Западен Балкан, тој вели дека Косово треба да „си ја заврши работата“ иако ЕУ го оставила настрана, со тоа што не одредила рок за негово членство.
Харадинај додава дека треба да се најде решение за статусот на Косово, затоа што не може ЕУ да тврди дека Косово има европска перспектива, а во исто време тоа да не може да се доближи до Унијата, затоа што некои нејзини земји членки не го признаваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите