Харадинај го повика Курти официјално да побара зачленување во НАТО
Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај го повика премиерот Албин Курти официјално да побара зачленување на Косово во Северноатлантската алијанса, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поранешниот премиер му порача на актуелниот претседател на косовската влада да не доцни со апликацијата за членство во НАТО, затоа што, како што напиша на неговата страница на Фејсбук, ситуацијата е мошне сериозна.
– Премиеру Курти, поднеси официјално барање за зачленување на Косово во НАТО. Немој да одолговлекуваш, затоа што ситуацијата е посериозно одошто можеш ти да мислиш! Јавните реторики за зачленување не се доволни. Дејствувај според процедурите и преку институциите, напиша Харадинај.
Курти деновиве во интервју за британската телевизија СкајЊуз изјави дека европските држави треба да го примат Косово во Европската унија и НАТО, затоа што „на тој начин ќе се придонесе за мирот, стабилноста и безбедноста“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км
-
Во детското одмаралиште „Малешево“ две децении нема деца