Харадинај апелира САД и ЕУ да ја завршат работата во регионот
- Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги повика Европска унија и САД да ја завршат работата во регионот, при тоа прашувајќи како две сили можат да раководат со светот, ако веќе две децении не можат да го решат проблемот на Балканот.
Тој истакна и дека ситуацијата во Косово не е одржлива и ако ЕУ и САД не се заложат за решавање на проблемот, тоа ќе го погоди целиот регион.
- Ако ЕУ и Вашингтон не ја инвестираат својата енергија овде, мислам дека целиот регион ќе биде погоден. Ситуацијата во Косово не е одржлива, не е во ред да се држат два милиони луѓе во неизвесност, посочи Харадинај.
Косовскиот премиер тврди дека често во разговорите со европски и американски претставници бил искрен, па затоа неговите ставови можеби биле сфатени и како закана.
- Косово го имаат признаено 23 земји-членки на ЕУ и другите пет треба истото да гои направат. Не признаа 100 држави, ајде да ја завршиме работата, посочи Харадинај
Ново на Сител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
-

Бела куќа: Од јануари собрани „235 милијарди долари од царини“
-

Руски генерал загина во напад со автомобил-бомба во Москва
-

Рим ќе наплаќа влез за фонтаната Ди треви
-

Најстудено во Берово и Виница
-

Американец со потекло од Нигерија нападнал полицаец во Градски парк, носел пиштол и големо количество муниција
