Хаос на митингот на Трамп: Некој викна „пиштол“, Трамп за миг го исчистија од бината
Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп обезбедувањето привремено го тргна од бината во текот на предизборниот собир во Невада, поради лажна тревода, до која дошло кога некој од топлата извикал „пиштол“, по што едно лице е задржано во притвор.
До инцидент дошло во градот Рино, откако еден маж од толпата подигнал транспарент со натпис „Републиканците против Трамп“, пренесува Ројтерс.
Трамп потоа двајца припадници од обезбедувањето го фатија за рамена и го одведоа зад бината, додека полицајците од собирот со рацете на грб, извадија еден маж.

-Никој не рече дека ќе ни биде лесно. Никој нема да не запре, изјави Трамп кога повторно се врати на бината.

Во соопштението на Тајната служба се наведува дека по проверката на уапсениот и по претресот на подрачјето, не е пронајдено никакво оружје.
Мажот кој е задржан во притвор по инцидентот, Остин Крит изјави за телевизијата КТВН-2 дека тој е поддржувач на Републиканската партија и дека на митингот допол за да изрази противење кон Трамп.

Изборите за претседател на САД се закажани на 8. ноември.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен