Хаос на кошаркарски меч во Гостивар: Нападнат тренер, искршени клупи, се тепале играчи | ВИДЕО
На 15.05.2022 во спортската сала „Младост“ за време на одигрување на кошаркарски натпревар помеѓу екипите на КК „Гостивар“ и КК „Пелистер“ од Битола бил нарушен јавниот ред и мир со фрлање предмети од публиката и од играчи, како и со физичка пресметка помеѓу членови на двете екипи.
За време на натпреварот од публиката на источната трибина биле фрлени повеќе предмети на теренот и бил погоден тренерот на екипата на Пелистер М.И.(47) од Скопје, кој потоа ја скршил клупата за резервни играчи.
Истовремено, настанала физичка пресметка помеѓу играчот на Пелистер, Б.С.(29) од Скопје и физиотерапевтот на КК „Гостивар“, В.Ѓ.(29) од Гостивар.
После тоа, играчите од гостинската екипа Б.С.(29) и Д.Н.(28) фрлале предмети кон публиката, при што, според пријавеното, Б.С. го погодил гледачот Б.П. од Гостивар.
Во врска со настанот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода В.Ѓ.(29) од Гостивар, Б.С.(29) од Скопје, М.И.(47) од Скопје и Д.Н.(28) од Битола и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје